(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на кои ќе мери и проценува годинешното производство.

„За 10  дена може да почне откупот за нова реколта. Од понеделник почнуваат да се верифицираат мострите на тутун во Институтот, тоа ќе биде од понеделник до петок. На 17 ти компаните можат да ги подигнат мострите, така да на 18 ти ноември компаниите можат да ги отворат пунктовите. Ние како Сојуз сме спремни да почне откупа на тутун, имаме капацитет да ги покриеме сите ваги кои годинава изнесува 337, што никогаш не била толкова бројката на откупни ваги, така дека се очекува тутун да се купи што побрзо и со добар квалитет,“ вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Годинава нема сомнеж за квалитетот, но сеуште се калкулира за тоа колку ќе тежи годинешната реколта. Променливото време есенва надокнади она што беше изгубено, пролетта и летото.

„Годинашна реколта, на почеток, тоа што го имавме, времето не беше погодно за производство на тутун со отсуство на дождови, се очекуваше некаде околу 18-19 милиони килограми на тутун, меѓутоа со касните дождови се продолжи вегетацијата на тутунот и негде околу 20 милиони килограми тутун ќе има сигурно, “ вели Ристески.

Наводно, според проценките на откупувачите има 26 милиони килограми. Сојузот е во преговори за цените кои во договорите се на нивото од ланската реколта и од таму тврдат дека тутунот ќе биде платен подобро од лани.

„За цените, сега уште сме во договарања со компаните. Во моментов не можам да излезам точно со информации, меѓутоа можам да тврдам дека ќе биде подобро платен од ланската реколта,“ додава Ристески потенцирајќи дека од голема полза за македонските тутунари е забраната за увоз ароматичен тутун за време на откупот.

И од најтутунската општина на Балканот Долнени посочуваат дека годинешното производство е со одличен квалитет, а есенските врнежи помогнаа и родот да биде потежок од предвидувањата.

„Некаде на почетокот мислав дека ќе имам 3 тона тутун, но со врнежите и со ова зголемување, некаде 3,5 тони веројатно ќе имам. Очекуваме повисока цена од ланската, бидејќи квалитетот е многу далеко подобар од ланската година и очекуваме многу повисока цена,“ вели Ибраим Јусуфи, тутунопроизводител од с. Житоше-долненско.

Наредната недела ќе се знае дали ќе има ран откуп, со каков интензитет и по кои цени, односно дали 10 те откупувачи имаат интерес да купат квалитетен ароматичен тутун, баран и добро платен на светските берзи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка: На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57),...

Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска...