(Видео) Се бира компанија која ќе ги обезбедува Центрите за социјална работа, по инцидентот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од идната недела 37 Центри за социјална работа во Македонија ќе добијат обезбедување, како заштита на вработените по инцидентот во Прилеп, кога социјална работничка беше застрелана на работното место, од корисник на социјални услуги во МЦСР во Приелп.

„Постапката за избор на оператор кои ќе ги обезбедува центрите завршува оваа недела (за пет дена). Ќе бидат ангажирани 60 лица кој ќе ги обезбедува нашите 37 објекти во Македонија, со цел центрите за социјална работа , кои се соочуваат со вакви состојби, инциденти, да бидат обезбедени за да не се повторува она што се случи во МЦСР во Прилеп. За месец дена  ќе имаме компанија која ќе ги обезбедува сите центрите во Македонија “, изјави заменик Министерот за труд и социјална политика, демографија и млади, Ѓорѓи Велковски при посетата на Прилеп, кој патем го посети и МЦСР-Прилеп и  имаше разговор со раковдството и вработените.

Еве што изјави заменик министерот на новинарско прашање: „Кога Центарот за социјална работа во Прилеп, ќе добие обезбедување по инцидентот кој се случи пред еден месец, кога на работноро место беше застрелана социјална работничка ?„

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат, ...

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...