(ВИДЕО ) Саем на музика и винили, носачи на звук кај саатот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Настан што сигурно предизвикува внимание е денешниот , саем на музика и винили кај саатот во Прилеп.Носачите на звук , колекционерите и секако самото изложување  на бесценетата музика пред прилепчани , ги стави на љубопитен испит сите оние кои сакаа да проверат , да пребараат и да се потсетат на музичките моменти од некогаш.Дали плоча , дали цд, дали касета , саемот на музика и винили претставува можност за повторно да се почуствува звукот на музиката од грамофон , да се допри и чуе отворањето на било кое музичко издание преку касета и да се потсети секој на омотот на албумот од својот музички пулен.И Прилеп си има свои колекционери кои по трет пат се потрудија во својот град со помош на останатите колекционери од земјава и Јавен простор  , да ги изложат музичките изданија  кои трпеливо ги собирале со години без разлика за каков музички жанр станува збор.Велат дека  тие си имаат пасија и страст, музика , музика на винили – носачи на звук.Во продолжение погледнете и дел од атмосферата на овој несекојдневен музички саем.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: