(видео) Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум – одговори до 3 октомври, во спротивно ќе има протести и блокади

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 – ти пат маршираа за своите ангели.

Маршто започна од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, мостот кај Шопинг центарот до зградата на Управата за јавни приходи. Поворката продолжи кон полициската станица и заврши пред Основниот суд, од каде беше упатено предупредување до Обвинителството и судот, од каде очекуваат одговори на прашањата што претходно им ги доставиле во писмена форма.

Доколку до петок, 3 октомври, не добиеме официјален одговор ќе нема повеќе маршеви — ќе продолжиме со протести и блокади. Нема повеќе мирни чекори. Нема повторно молчење, порачаа родителите.

Тие од ОЈО очекуваат одговор до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе има обвинети и обвинение ? Од судиите во Кривичниот суд, пак, бараат да знаат —  кога ќе ја донесат оценката на обвинителниот акт ?

Време е да се стави крај на одолговлекувањето и да се овозможи вистинска правда. Овие барања Ви ги доставивме и писмено по пошта. Доста е – сметаат родителите.

Тие рекоа дека не станува збор за позадински политички влијанија на партии врз нив, туку дека тоа се тие, родителите, и нивниот бес, тага и револтот против системот. Сметаат декада постојат обиди да се направи селективна „правда“, наместо да има вистинската правда која им припаѓа на нивните деца.

Правдата не чека. Жртвите не се бројки — тоа се нашите деца, браќа, сестри. Цели семејства се уништени, револтирано рекоа родителите, додавајќи дека бараат одговори, одговорност и вистинска правда.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и