По паузата продолжија натпреварите во плеј аутот од машката ракометна супер лига а прилепчани триумфираа пред своја публика против Куманово , конечни 28:23 полувреме 16:12.Гостите само на два пати имаа водство во натпреварот и тоа во раната фаза со 2:3 , 3:4 и 4:5.Од тогаш прилепскиот состав го презеде водството кое изнесуваше плус четири на полувреме.До крајот домаќините супериорни и доследни на резултатската позитива која на крајот беше со плус пет голови.Вo ова коло од плеј аутот Радовиш ја изненади Струга и триумфираше со резултат 26:28.