(ВИДЕО) Ристески: Без потпис на Сојузот за новите цени нема да дозволиме компаниите да склучуваат договори

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Остануваат уште месец и половина до крајот на откупот. Речиси во целост производството е предадено. До сега се преземени над 25 781 000  килограми ориентален ароматичен тутун по просечна цена 419, 15 денари. На терен има уште околу 200 тони од ланската реколта. Откупот според законот трае до 28 ми февруари, компаниите се обврзани да ги преземат сите договорени количини.

Кои се предлог измените за кои што веќе се преговара во работната група задолжена за дефинирање на предлог измените?
Кои недостатоци во актуелниот Закон за тутун ќе се надминуваат со предлог измени од Сојузот на тутунски здруженија?

Тутунски здруженија и поединци со искуство во секторот периодов објавија свои мислења и предлози, а некои ги доставија до Министерството за земјоделство, Владата и Собранието.  Зголемување на ингеренциите на Сојузот, скратување на рокот за откуп и линеарна субвенција за предадениот тутун, се само дел од барањата за измени во Законот за тутун од Сојузот на тутунски здруженија.

Ние си дадовме задача да ги вратиме ингеренциите од стариот Сојуз. Односно делови кои последниве 10 години беа поништени во Законот, повторно да се вратат. Покрај другото, едно од најважните прашања е – без согласност, без потпис на Сојузот нема да дозволиме компаниите да склучуваат договори за новата реколта. На тоа работиме и во текот на февруари, почетокот на март, измените ќе бидат пуштени на разгледување до Владата и Собранието.

Работиме на тоа да се исплаќа линеарна субвенција – иста висина за сите класи откупен тутун. Овој предлог е заради тоа што двете субвенции за зелена нафта и субвенција по површина, кои што се воведени од неодамна,  голем дел од тутунарите не можат да ги користат. Предлагаме откупот да почне и да заврши во ист ден за сите откупувачи: почеток 1 ви декември, да заврши до 15 ти февруари. Сведоци сме дека на терен имаме многу откупни пунктови, многу ваги со кои се скратува рокот за предавање на реколтата  “, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот во отворената програма Радио што се гледа.

Покрај тоа, претставниците на Сојузот преговараат за измени кои се однесуваат на процесот на формирање на цените во договорите, како да се оформи производната цена и фер откупни конкурентна цени; дефинирање на ингеренциите на официјалната организација претставник на тутунопроизводителите;  рокови за процесот на откуп; висината на субвенциите за предаден тутун; услови за добивање на лиценци за проценка на тутун и други забелешки и недостатоци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година...

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утре ќе оствари работен состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. Според најавата од кабинетот на министерот, состанокот е закажан со почеток во во 11.00 часот во хотелот Салида и се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на одгледувачи на...

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Програмата има за цел да ја...