(ВИДЕО) Ристеска: По расадувањето, прихраната да се комбинира со заштита за поголем имунитет на културите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Оваа година земјоделската сезона се одвојува од последните неколку по изненадувачки атмосферски влијанија, дождови, температурни скокови, топла зима, нестабилна, врнежлива и студена пролет. Расадувањето на тутунот и градинарските култури започна многу рано, на почетокот од мај, но се одолговлечи поради нестабилните временски услови. На што треба да се обрнат внимание и што е потребно да преземат тутунарите и градинарите во такви услови, ја запрашавме Ели Ристеска, агроном од Земјоделската аптека Фиталија.

– Оваа година треба многу внимателно, континуирано обрнување внимание на самата култура, поради тоа што од една страна дождовите, имаме секакви (кисели дождови), а на зголемена влага се јавуваат сите патогени и габични инфекции. Од друга страна има температурни скокови што е доста стресно за самата култура. Ако е доволно добро заштитен расадот, тоа не значи дека е заштитен и на нива, од самата влага ние не знаеме што може да се случи на нивата. Затоа, треба после 1 недела од расадувањето или од 7 до 10 денови земјоделците да ставаат ѓубрива кои што покрај хумусната материја, треба да содржат одбрамбен систем.

Тоа значи нивата да има прихрана, но и да може да ја издржи вегетацијата на една култура. При тоа да се има во предвид дека поради зголемената атмосферска влага и во почвата, годинава има зголемен број на болести и на мутации и затоа потребно е да се зголеми, да се подобри имунитетот на растението. Годинава има многу трипс, кој што ја намалува силата на самата култура, листот почнува да се завиткува, да венее, да слабее, да ја губи бојата, а овој инсект пренесува многу вируси. Земјоделците треба да ја следат состојбата и да бараат соодветни комбинирани програми за прихрана и заштита, посочува Ристеска од Земјоделската аптека Фиталија.

Проследете го целиот разговор во студио и за конкретните препарати поединечно во Земјоделската аптека Фиталија

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...