(ВИДЕО) Протектор полисата за животно осигурување -комбинација од штедење и заштита од ризици за себе и најблиските

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На тема „Полиса за животно осигурување“ и колку оваа услуга на осигурителните компании е навистина влог во иднината дискутиравме со Лина Димоска од Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп. Колку одлуката за користење на услугата значи само финансиски бенефит – инвестиција или со тоа се обезбедува осигурувањето на животот и начин за да се заштитат најмилите?

Протектор АД посредува во животното осигурување како ексклузивен застапник на полисата за животно осигурување  од Винер Лајф АД. Со полисата вклучени се повеќе функции: штедење, заштита од инфлација, животно осигурување, заштита од тешки болести на осигуреник и  заштита од тешки болести на дете.

„Взаемната доверба за користење на услугата за животно осигурување  е клучна при склучувањето на полисата“, вели Лина Димоска, од Протектор.  

Целиот разговор проследете го на следниот линк за тоа од што зависи висината цената на услугата за полисата, каде, кога и како можат да се користат заштедените средства и за кои ризици се полисата обезбедува покритие:

 

Полисата Протектор претставува заштита од непредвидени ризици по здравјето и животот на осигуреникот и на две негови деца:

Со склучување се добива таканаречената штедна компонента. Осигуреникот избира колку пари ќе вложува – од 250 до 3 000 евра. На колкав временски период: најмалку 10 години, а најмногу до навршување на 70 години старост на осигуреникот.
Покрај штедната компонента и сознанието колкав би бил акумулираниот капитал преку таа осигурена сума која што се добива при пополнување на понудата се добива покритие од 21 тешка болест (срцев удар, мозочен удар, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, разни видови на канцери и се добива трајна туѓа нега.
Воедно со полисата се добива покритие за две деца на осигуреникот кои се заштитени од ризици од 21 тешка болест кај дете од 3 до 18 години;
Може да се вклучи сегментот на индексација што значи на некој начин заштита од инфлација на осигурената сума – капиталот кој што се акумулира во текот на периодот кој што е предмет на осигурување.

„Најважно за иднината на еден човек е тој да е здрав и жив. Меѓутоа во текот на животот секој од нас може да се сретне со различни предизвици или да се судриме со болести или да се соочиме со прерана загуба со член од семејството. А тука животното осигурување на некој начин претставува заштита прво лично за нас како индивидуи, потоа ни помага во голема мерка финансиски да ја искреираме нашата иднина. Значи јас ако штедам денес и штедам во наредните 17 – 18 години, по истек на тој период ќе можам да си обезбедам нешто за себе, да обезбедам образование за моите деца, да обезбедам посигурно трето доба. А од друга страна ако се случи смрт кај член во семејството од кој што семејството зависи, а тој има една ваква полиса за животно осигурување, неговото семејство е финансиски обезбедено на некој начин,“ посочува Димоска.

Повеќе информации на порталот https://protector.mk/ или побарајте ги Протектор АД на
ул. „Илинденска“ бр.2Б – Прилеп во близина на Пензионерското друштво во центарот на Прилеп или
тел: 073-555-006

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат, ...

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...