(видео) Прилепските најмлади пијанисти со пијано маратон го одбележаа Ден на пијаното

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Воодушевија со својите едноставни музички пијано изведба и потврдија дека Прилеп има многу млади музички пијано таленти – така најмладите пијанисти од ООМУ “Ордан Миихалоски -Оцка “-Прилеп го одбележаа Меѓународниот денот на пијанот.

Преку пијано маратон, како дел од одбележувањето на овој музички празник, 72 млади талентирани момчиња и девојчиња ja покажаа својата љубов кој пијанот и предизвика многу насмевки и аплаузи кај присутните.

Благодарници до сите ученици – а, златни медали за најдобрите, кои се натпреваруваа во три категории, во различни возрасни групи, со што им беше оддадено признание на младите таленти за нивниот труд и музичка страст.

Овој пијано ден не само што ја афирмираше уметноста, туку и ја поттикна младата генерација да продолжи да го негува музичкото творештво. Се доби впечаток дека пијаното не е само инструмент, туку и мост што ги поврзува децата, наставниците и заедницата преку заедничка радост и инспирација.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Здружението ЗОКУМ додели награди и признанија за поетските творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“

Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во градската библиотека „Борка Талески“ денеска ги прогласи најдобрите авторски детски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“ кој беше распишан  во чест на 110 годишнината од раѓањето на поетот Волче Наумчески. Инспирирани од пролетта, од традицијата, од патриотските чувства, младите поети и...

Прилепчани сметаат дека барањата за надомест на штета од каснување од куче скитник ќе се злоупотребуват

Започнува примената на новото упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, ова го објави Општина Прилеп на својата веб страна. Упатството ги посочува правилата со кои граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини...

Гориво за 2 денари помалку на бензинските пумпи НИТ ОИЛ

На двете бензински пумпи НИТ ОИЛ во Прилеп во близина на цигарната фабрика од Тутунски Комбинат и на влезот од Кривогаштани, од денеска се продаваат горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). На овој чекор компанијата...