(ВИДЕО) Прилепски Водовод подготвува проекти за канализациона мрежа во Селце и Лагово

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Годинава во целост ќе профункционираат канализационите системи во населените места Мало и Големо Коњари, како и во Канатларци, одговори на новинарско прашање Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација. За Мало Коњари сеуште се чека на преземањето на канализациониот систем во управување на ЈКП Водовод и канализација по завршување на техничката документација од инвеститорот – Министерството за транспорт и врски.

Во Канатларци веќе функционира и се одржува канализацијата и функционира, и населено место Големо Коњари каде што проектот е целосно направен и оваа година во целост ќе се заврши во ова населено место со канализацијата. Оваа година ЈКП Водовод и канализација ги спрема проектите за канализација за Селце и Лагово. ЈКП ВиК веќе има подготвено проекти оваа година за парите кои што оваа Влада и овие министерства ќе ги одобрат. Околу проекти за населено место Селце таму ќе има нова водоводна мрежа до манастирот. Потоа имаме населено место Лениште, прв пат од кога постои ова населено место ќе се донеси вода и сите викенд куќички кои се околу селото. Како што кажа министерката ги добивме Лековските извори, еден од најстарите извори, по слободен пад добиваме вода. Направен е 46/47 година, проектот е веќе и од Министерството одобрен, оваа година се надеваме дека и тој проект ќе го реализираме. Се прават уште 2 проекти кои што почетно ќе дојдат на селекција во Општина Прилеп, а потоа во Министерството за животна средина, Министеството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа кога ќе се направи таа селекција. Водовод и канализација има направено проекти за да аплицира за приближно околу 10 милиони евра, рече Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во Пелагонија максималните температури ќе се движат од...

Гори на Радобилски рид, во Македонија активни 6 пожари

Денеска до 14:00 часот Центарот за управување со кризи информира дека  се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, Во прилепско активен е пожарот на потегот помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил, на локацијата позната како Радобилски Рид. Таму пламените јазици проголтаа мешана шума и нискостеблеста вегетација, а теренот дополнително...

Дете пронајдено во безсознание во базен од дворот

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница “ Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание....