(ВИДЕО) Прилеп – во тек првиот проект од „Унгарскиот кредит“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во центрарот на Прилеп (зона Карабдалица) во тек се градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа, возобновување на системот, замена на азбестните цевки со полиетиленски и поставување на нови приклучоци. Ова е еден од трите капитални инфраструктурни проекти што се поддржани од Владата. Водоводната мрежа која се реконструира е стара повеќе од 7 децении, рече градоначалникот Борче Јовчески на денешниот увид во градежните активности.

Со овој проект ќе се реконструираат вкупно 1.240 метри водоводна линија, при што старите азбестцементни цевки ќе бидат заменети со нови, со поголем капацитет, што значително ќе го подобри водоснабдувањето во овој дел од градот. Ќе се постават 124 приклучоци, 7 нови хидранти за зголемена безбедност и ќе се изведат 18 јазли. Моментално, работите се одвиваат на улицата Стеван Димески – Ништакот, каде веќе се заменети 140 метри од водоводната мрежа со профил DN 90 и 25 метри со профил DN 40. Инсталирани се 15 приклучоци и поставени 3 јазли, рече Јовчески.

Паралелно со овој проект, се одвиваат постапките за останатите два капитални проекти.

– За изградбата на дел од улицата Победа веќе имаме изведувач со најниска понуда, а според законските временски рамки, очекуваме до 15 февруари да го потпишеме договорот и да започнеме со реализација на терен. Што се однесува до изградбата на кружниот тек на Табана, постапката е во завршна фаза и очекуваме до 18 февруари да имаме избран изведувач за овој проект, кој е од огромно значење за регулирање на сообраќајот во овој дел од градот-вели Јовчески. Во наредниот период ќе биде објавен нов јавен повик за поддршка на локалните самоуправи од страна на Министерството за Локална самоуправа. Општина Прилеп е целосно подготвена со нови инфраструктурни проекти, на кои интензивно работеле во Секторот за Урбанизам и Јавното претпријатие ЈП ЗА ПУП. Штом ќе бидат објавени условите и критериумите на повикот, Општината ќе аплицира со доволен број на проекти, во рамки на финансиските средства предвидени за Прилеп, кои изнесуваат околу 8 милиони евра – рече Јовчески.

Јавното комунално претпријатие под чија надлежност се одвиваат активностите има уште полни раце работа, бидејќи остануваат уште половина од вкупно 200 км водоводна мрежа која треба да се замени во градот, а е постара од 20 години. Поддршката од Владата во рамки на која се одвива овој проект се однесува и на уште два други капитални инфраструктурни зафати каде во тек се административно техничките активности: изградба на дел од улицата „Победа“ каде изведувачот е познат и се очекува до 15 февруари да се потпише договорот за реализација и изградба на кружниот тек на Табана, каде постапката е во завршна фаза и се очекува до 18 февруари да има избран изведувач.

Според најавите од Владата, наредната недела се очекува Министерството за локална самоуправа да го објави вториот повик за поддршка на општините од „Унгарскиот кредит“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Театарски белешки (10): Тетарот-пердув што скокотка, но и срп што сече!

И така, заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“,   а ова е и мојата последна театарска белешка за ова издание. Една моја објава, поттикнат од колешката Елизабета Филипоска, стана првата белешка и така од ден во ден еве стигнавме до десетата. Благодарам за големиот интерес, читањето, коментарите, дискусиите. Тоа е и целта...

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета. На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од...

(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече: „- изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.