(ВИДЕО) Помеѓу мирот и душевната хармонија – Св.Преображение – Зрзе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Помеѓу мирот и душевната харомија , помеѓу човечкиот восхит и природната убавина , помеѓу секундите на спокојоство и минутите на раскошната природна убавина, тоа е нешто што предизвикува човек да дојди во манастирското несекојдневие сместено во една чудна но восхитувачка крошна со поглед кон хоризонтот , во манастирот Св.Преображение –  Зрзе.Сигурно една посебна  енергија која го спојува секој врежан момент при една посета на овој манастирски комплекс.

Тука можи секој еден, еднаш да дојди но секогаш ќе посака да се врати , да најде своја душевна инспирација за мир на ова место што засекогаш ја впишува сликата на бескрајното поле ,  пејсажот од бескрајот на небото и длабоката древна историја.Овде,  и ден денес под падините на Даутица се одржува манастирскиот живот.

Се што ве пресретнува тука ве остава без збор.Дали природната убавина која ве обиколува уште при идењето , дали блесокот на бигорната карпа заедно со манастирот насред зеленилото во подножјето на масивот,  или пак едноставно разиграната форма на изградба на комплексот со тие вдлабнатини , “чиниш некој вајар се потрудил да ги дотера како што треба”.

За сенка под дебело дрво не треба да се грижите , и за допир со природата исто така , но не заборавајте на љубезноста од монасите , на можноста да бидете патник и гостин во оваа чудесна но за среќа локација која ќе ви го сервира она што е помеѓу мирот и душевната хармонија, како  и на желбата која веднаш си ја посакувате , повторно и повторно да ја прелистате бескрајната манастирска убавина , во Св.Преображение – с.Зрзе.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се санира Ленишки мост – следи времена измена на сообраќајот

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од АМСМ за времена измена на сообрајот поради градежни работи на дел од патот Плетвар – Прилеп:  ИЗВЕСТУВАЊЕ : На 20.04.2026 година (Понеделник), ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен...

Најавени прекини на електричната енергија за понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известува за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за деновите понеделник и вторник:  На 20.04.2026 год. (понеделник) од 09.30 ч. до 15.00 ч. на следните места во Општина Прилеп : викенд населба ,,Маркова чешма” , Поводеници и Вештачко езеро – Прилеп.  На 21.04.2026...

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...