(ВИДЕО) Победа испушти два гола разлика , триумфот за охриѓани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Иако за само 20 минути Победа создаде убаво водство на денешниот натпревар , со головите на Петрески и Дебрешлиоски во 9 и 13 минута , сепак на крајот гостите ги однесоа трите бода.Димитриески , Каланоски и Глигоров беа фудбалерите од гостинскиот состав кои го поставија конечниот епилог на денешната пресметка.И во ова коло беше пропуштена можноста младите прилепски фудбалери да го забележат првиот триумф сезонава.

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО: Победа – Охрид 2:3, Шкендија А. – Големо Коњари 4:0, Осогово – Скопје 2:3, Кожуф – Преспа 7:1, Вардар Н. – Саса 1:8, Брегалница Ш. – Новаци 4:2Утре: Тетекс – Слога , Беласица – Детонит.

СЛЕДНО 5. КОЛО (20 септември во 15.30 часот): Скопје – Победа, Големо Коњари – Осогово, Новаци – Тетекс, Саса – Брегалница Ш., Преспа – Вардар Н., Охрид – Кожуф, Детонит – Шкендија А., Слога В. – Беласица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: