(Видео) Петкоски: СДСМ е политички труп. Имаа повеќе од 7 години да реагираат, но како и секогаш – избраа да не направат ништо

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По објава на ОО на СДСМ Прилеп (на т.н прес без новинари) дека објектот, некогашен “Работнички Универзитет – Прилеп“ е руина поради негрижата на локалната власт, советнкот при Советот на Општина Прилеп, од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата,  Влато Петкоски на прес конференција рече:

Настапот на СДСМ Прилеп денес беше уште една епизода од нивниот очаен обид да останат релевантни. Станува збор за бесрамно, дрско лажење и груба манипулација, со која не можат да ја покријат сопствената неспособност и злоделата од минатото. Наместо да држат пресови и да се бламираат пред јавноста, требаше да ѝ се обратат на нивната коалициска партнерка Марија Симоноска, која е член на Советот, која во моментот го раководи, a под нивна капа е повеќе од 8 години. Ако имаат нешто да кажат – нека ѝ го кажат в лице. Нема потреба да глумат опозиција кога се дел од истиот тој проблем. Во годините кога беа на власт, наместо со криминални тендери, сомнителни проценти и лични провизии, можеше да се вложи во санација и решавање на проблемите што денес ги користат за евтини политички поени. Но не – СДСМ секогаш избираа лични интереси, а не интереси на граѓаните! Да потсетиме: Марија Цветаноска – поранешна директорка на ЈП ПУП и мајка на актуелниот претседател на СДММ Прилеп, кој денес ја лаже и манипулира прилепската јавност, реализираше милионска набавка на автобуси, додека за санација и поддршка на нејзиниот коалиционен партнер Симоноска немаше ниту денар. Тоа е сликата за вистинските приоритети на СДСМ. СДС имаа раководен кадар во сите водечки институции и установи, како Болницата, Тутунскиот комбинат и останатите, кои презафатени со криминал и тендери, не најдоа време и начин да го решат проблемот со објектот за кој денес држат прес. Јасно е од денешната прес конференција дека незнаењето на СДСМ нема крај. Објектот за кој зборуваат е во сопственост на Република Македонија и е под надлежност на Министерството за образование и наука. Имаа повеќе од 7 години да реагираат, но како и секогаш – избраа да не направат ништо. СДСМ е политички труп. Распадната партија без визија и без поддршка. Во Прилеп нема што повеќе да бараат. И најважно: Прилепчани се свесни за штетата што СДС ја остави. Не потпаѓаат повеќе под нивните манипулации, лаги и евтини трикови. “ рече Петкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе има ли можност за повеќе независни кандидати на локалните избори?!

Уставниот суд ги укина одредбите од Изборниот законик, со кои за 3 до 4 пати се зголеми прагот на потписи за независни кандидати. Ова во пракса значи дека независните листи и кандидати за да се кандидираат на избори, повторно ќе треба да соберат 1.000 потписи, како и на сите досегашни...

Со новиот закон работно ќе можат да бидат ангажирани пензионери, студенти, средношколци…

Собранието ги донесе измените на Законот за работно ангажирање на лица, со кои значително се проширува кругот на луѓе кои ќе можат да бидат дел од пазарот на трудот,  а водено да не го изгубат своето стекнато право . Со новиот закон ќе можат  работно да бидат ангажирани: студенти,  пензионери,...

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Отворени денови за деветтодделенците во прилепските средношколски центри

Денеска, отворени денови за деветтодделенците во неколку училишни средношколски центри: СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“  . Целта на овие отворени денови е запознавање на идните средношколци со струките и можностите кои ги нудат прилепските училиштни центри. Погледнете ја галеријата од фотографии: Во СОУ...