(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици.

 „Тоа беше руинирана просторија од 120 м2, која секој момент можеше да се сруши и претставуваше опасност за децата. Денес обој објект го реновиравме со помош на општински средства, во простории-работилница за потребите на хаус мајсторот, три помали магацини каде можат да се складираат работите кои во моментот не ги користиме, просторија за чување на учебници по препораките на МОН и кабинет по ликовно образование, еден од најинтересните простории кои сега ги имаат учениците. Објектот е реновиран комплетно: нова ПВЦ дрвенарија, нов под, нови плочки… Би рекла, направивме неколку наменски простории кои одамна им требаа на нашето училиште. Воедно направивме реконструкција и на просторија за потребите на учениците за физичко воспитување во нашето помошното училиште, во некогашниот Центар за обука, која е во наша ингеренција. Овде учи една генерација од 130 ученици кои учат во две смени.“ Панде Николоска

.

Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација на вакви проекти, „затоа што грижата за образованието и најмладите останува еден од нашите највисоки приоритети“, рече тој.

„Денес имаме уште еден успешно реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура во нашиот град. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот објект во задниот двор, кој сега претставува современ и функционален простор наменет за потребите на училиштето. Извршени се темелни градежни зафати, поставена е нова дрвенарија, нова фасада, адаптирани се простории за хаусмајсторот, магацин за учебници, а направен е и нов кабинет по ликовно образование со Смарт табла. Инвестицијата вредна 2.500.000 денари е целосно финансирана од Буџетот на Општина Прилеп. Во помошното училиште „Лазо Филипоски Лавски“ исто така е извршена реконструкција и адаптација на просториите, а една од нив е пренаменета во мала фискултурна сала со татами подлога, каде учениците по повеќе од 30 години добиваат соодветен простор за часови по физичко воспитание. Вредноста на оваа инвестиција е 744.000 денари, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Од училиштето сметаат дека следен зафат би била изготвување на енергетска фасада, за која има и проекти, со цел оваа институција да имаат објкет кој е енергетски ефикасен во корист на заедницата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка: На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57),...

Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска...