(Видео) Нова медицинска опрема во вредност од 55 милиони денари за Прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската болница доби нова медицинска опрема во вредност од 55 милиони денари, обезбедена од Министерството за здравство, како и донирана опрема во вредност од околу 32 милиони денари.

Тоа беше причина, Министерот за здравство Азир Алиу, заменик-министерот Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, ја посетивме прилепската општа болница „Борка Талески“.

Со оваа инвестиција болницата се здоби со нов стерилизатор, нов дигитален рендген апарат, хистероскоп, лапарскоп, апарат за анестезија, монитор, два апарати за механичка вентилација, електричен гинеколошки стол, родилен кревет, ехо апарат за гинекологија, електрохирушки систем … а во тек е набавка за апаратура во очното одделение, апарат за нервно одделение итн. Целта е подобрување на условите за пациентите“ рече директорот на прилепската болница „Борка Талески“ – Прилеп, Кире Јоноски, кои ги наброја и медицинските апаратите во вредност од околу 32 милиони денари, донирани од донатори, како институции, фондации и министерството за здравство. „Воедно во тек постапката за вработување на 124 лица, 21 доктор, 49 медицински сестри и останатат вработувања кои ќе се реализираат по изборите“, рече тој.

Министерот за здравство Азир Алиу при промоцијата на новата опрема истакна дека со ова се зајакнуваат капацитетите на болницата во Прилеп која опслужува поголем број пациенти од пелагонискиот регион. 

„Ова е уште еден чекор на нашата мисија „здравство за сите граѓани,поблиску до нивните домови“

Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за Одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови, со што се создаваат подобри услови за работа и третман. Првпат во Прилеп воведуваме лапароскопија и хистероскопија, што претставува голем напредок во гинеколошко-акушерската здравствена заштита. Обезбеден се дигитален електрокаутер – современ апарат за безбедни и прецизни хируршки интервенции и контрола на крвавења. По повеќе од 15 години, целосно се обновени и гинеколошките столови за прегледи и породување, кои овозможуваат повисок стандард и сигурност за родилките и персоналот. аСо тоа, Од наредната недела пациентките повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други градови за вакви интервенции. Ќе доаѓаа доктори од Скопје заедно со докторите во Прилеп  да ги нудат овие услуги за граѓаните на Прилеп.

Тој исто така потенцира дека покрај новата опрема, во тек е и постапка за вработување на 124 лица на неопределено време, од кои 21 доктор, 49 медицински сестри, 34 болничари, шест физиотерапевти и друг медицински и немедицински кадар.

„Овие инвестиции претставуваат уште еден значаен чекор во континуираната заложба на Министерството за здравство за унапредување на здравствената заштита и обезбедување современи услови за третман и дијагностика на пациентите,“истакна министерот за здравство Азир Алиу, при посетата на Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Каква стратегија за развој на Прилеп има Јасминка Стојковска, кандидат за градоначалник на Прилеп

Јасминка Стојковска, кандидат за градоначалник за Прилеп од политичката партија „Демократи“, го гледа Прилеп како град со светска визија и како еко wellness дестинација ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА за туризам во Прилеп за неа преставува – Прилеп – град со светска визија Нејзината мисија е да Прилеп стане град кој ќе биде...

(ВИДЕО)Есенски панаѓур во ООУ Кире Гаврилоски по повод Светскиот ден на храната

Во духот на одбележувањето на Светскиот ден на храната – 16 октомври, во  ООУ Кире Гаврилоски Прилеп се одржа традиционалниот есенски панаѓур, на кој и оваа година беа претставени креативноста, вредноста и заедништвото на учениците и наставниците. На настанот учествуваа сите одделенија, подготвувајќи богата понуда на домашни производи: свежо цедени...

Очекуван рекорд – половина метар гласачко ливче за Локалните избори

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Дистрибуцијата ја вршат 17 тимови на Држаната изборна комисија (ДИК) со обезбедување од МВР. На...