(ВИДЕО) Неуморниот маратонец д-р Бошко Илиев го препливува Вештачкото езеро во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вештачкото езеро во Прилеп го краси чита, мирна и  бистра вода, која доаѓа од Оревоечка река. И, токму прилпскот езеро беше предизвик за 60 годишниот, маратонецот Бошко Илиев од Кавадарци, д-р по спортска медицина и љубител на пливањето, да направи несекојдневен подвиг – да го преплива езерото во кружна патека од 4 км. За тоа му е беа потребни еден час и 37 минути и 8 сек.

„Имав огромна желба да го препливам Вештачкот езеро во Прилеп и тоа ми се оствари, благодарение на логистичката поддршка од моите пријатели кои ме следат при пливањето маратони. Езерото е прекрасно, со чиста, мирна вода и убава природа околу него. Јас сум воодушевен од неговата питомост. Инаку, ова ми е 21 езеро во Македонија или 48 пат пливам во езерата во Македонија, односно 168-от маратон во мојата кариера. Сакам да ги препливам сите езера во Македонија. Ми остана уште неколкиу. Мојата цел е промоција и афирмација на нашите прекрасни убавини и езера преку спортот за развој на туризмот.„ рече  Илиев, задоволен од подвигот кој го направи.

Илиев,  повеќе од  две децеднии, маратонската кариера ја посветува на промоција на убавините на Македонија и здравиот начин на живот. Маратонското пливање го практикува од 2001 година. Ова му е 168 маратон,  испливан во повеже од  15 држави по Балканот. За подвигот, Илиев, доби признание од градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Инаку, максималната должина на прилепското Вештачкото езерото изнесува 1,5 километри, најголемата широчина  на езерото е 600 м. Езерото зафаќа површина од 0,55 квадратни километри.

Вештачкото езеро Прилеп е изградено во 1967 год како акумулација за наводнување и за користење на технолошка вода. Во акумулациониот базен максимално може да се акумулираат 6.000.000 кубни метри вода, од која 5.080.000 кубни метри претставува корисна зафатнина

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...