(ВИДЕО) Нема да се увезува тутун од странство додека трае откупот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нема да се увезува тутун додека трае откупот. Ова е една од измените во Законот за тутун која помина во Собрание и веќе од 29 јули стапи на сила. Од сојузот на тутунски здруженија се задоволни од законските измени и сметаат дека вака се штити домашното производство. Покрај оваа законска измена, уште еден проблем е решен, а тоа е компаниите да можат слободно да откупуваат, да го доработуваат тутунот и да вршат слободен извоз на обработениот тутун , рече Кире Ристески, претседател на сојузот на тутунски здруженија. При изготвувањето на законот биле опфатени сите ресурси, се’ во интерес на производителите.

Другите измени во Законот за тутун ќе одат во редовна постапка, меѓу другото и зголемувањето на ингеренциите на Сојузот на тутунски здруженија. Со тие измени ќе бидеме целосно рамноправни партнери во договарањата со откупувачите, во поглед на договорите за реколтата, цените, за текот на откупот, како и за полагањето лиценци за повереници при откупот на тутунот. Мислам дека тие измени во редовна постапка ќе се донесат до крајот на оваа година, истакна претседателот на Сојузот, Ристески.

Што се однесува до очекуваните количини заради сушата нема да се повтори ланската реколта, велат од Сојузот, од каде предвидуваат реколтата да тежи 18 до максимум 19 милиони килограми тутун. Во општина Долнени, каде годишниот просек на реколтата е околу 8 милиони кгр, годинава заради сушата се очекува намалување од 20 до 30 отсто.

„За оваа реколта имам посадено околу 20 декари тутун , очекувавме некаде 4 тони на тутун, но поради сушата почвата е стегната, а тоа ќе биде помалку од очекувањата што значи ќе имаме максимум 3 тона на тутун. Со последните врнежи од дожд сите очекуваат дека ќе има зголемување , но почвата е сува и нема многу да смени,“ рече Јусуф Ибраими од долненското село Житоше.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...