(ВИДЕО) Најмладиот кој “влезе“во осветените води е бебето од прилепското с. Тополчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Македонија, на Богојавление, најмладиот кој “влезе“  во осветените води (сигурно) е бебето од прилепското с. Тополчани. Арсениј е неколкумесечно бебе, кое беше покрстено токму на овој ден, на денот Богојавление, Водици во осветените води на Црна Река, во с.Тополчани, во присуство на голем број верници, кои беа радосни за овој редок христијански чин (бидјеќи, најчесто чинот на  покрстувавање е во црковните храмови ) .

„Бог се јави !!!!
Не е Русија – Библиска Македонија е!!!
Арсениј е новиот Христов Војник !!!
Со љубов ваш брат Македонец во Христа„- напиша на својот ФБ профил, чтец, Кирил Пишмановски.

 

Покрстувањето, во осветените води на Црна Река, го изврши парохискиот свештеник отец Емилијан, чии придонеси, верницие во ова населено место  во Општина Прилеп го вреднуваат како збогатување на духовниот живот.

Инаку, празникот Водици , Богојавление, народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден, според верувањето, Исус Христос е крстен од од Свети Јован Крстител. Се верува дека п реку светата вода и крштевањето, Богојавление е нов почеток каде што водата и духот креираат една вечна приказна на верата и обновата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...