(ВИДЕО) Младински центар – приоритет на младите во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Младите во Прилеп го формираа второто Локално собрание на млади – денеска се одржа неговата прва конститутивната седница во новиот состав. Локалното собрание брои 24 делегати и нивни заменици од петте средни училишта, од подмладокот на политичките партии застапени во општинскиот Совет и од невладиниот сектор. На денешната конститутивна седница за претседавач на Собранието беше избран Дино Релушкоски,  делегат од Извиднички одред ФЕНИКС . Воедно, објавен е јавен повик за претставници во Локалниот младински совет на веб страната на Општина Прилеп на следниот линк  

Кои се очекувањата на младите од работата на ова тело, како ќе функционира Собранието, а како Советот на младите?

За младите приоритет е оформување на Младинскиот центар, поголеми можности за работа, за подобрување на професионалните вештини, високо образование, побогат социјален живот, спорт и култура во родниот град.

„Да го вратиме Прилеп на местото кое го заслужува како град на авангардна младина,“ рече градоначалникот Дејан Проданоски пред почетокот на седницата.

Инаку, младинските делегати и заменик-делегати во Собранието доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи од : Црвена младина – Прилеп, од ученички заедници од: СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Целта на  Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет – важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Гори депонијата Алинци, надлежните на терен

Попладнево повторно густ црн чад на депонијата Алинци. Екипи на ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании веќе се на терен за справување со пожарот. Градоначалникот Проданоски при увидот истакна дека градската депонија е дива и дека ваквите пожари се повторуваат. Трајно решение е изградба на регионалната...

1000 ученици и професори од ООУ „Климент Охридски“ со перформанс им оддадоа почит на ангелите од Кочани

Oколу 1000 ученици и наставници од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, креираа видео перформанс во чест на прерано загинатите деца во пожарот во дискотетката “Пулс„  што на 16 март 2025 година однесе 63 млади животи во Кочани. Перформанс со многу емоции, солзи и тишина – тие на посебен начин им...

Нови повисоки цени на горивата од полноќ: бензинот за 7, а дизелот за 6,5 денари од литар

Ново поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ – Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Според новиот ценовник, бензинитеЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за 7 денари по литар. Со тоа,...