(Видео) Лајонс клуб Прилеп донираше GS1 сензори за дијабетичари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, Лајонс клуб Прилеп донираше 25 сензори за следење на гликозата во крвта, наменети за дијабетичари од социјална категорија, кои клубот ги набави преку хуманитарна активност. Денеска сензорите им беа поделени на дијабетичари и им беше објасната постапката и предностите на  користење на овој апарат.

„Со собраните средства од традиционалната забава која ја организиравме на Светскиот ден на дијабет, одлучивме да набавиме 25 сензори GS1, наменети за дијабетичари со дијабет еден. Задоволни сме што можеме да им помогнеме на оваа категорија луѓе, но и да ја подигнеме јавната свест кај луѓето за оваа болест на денешницата, која не познава возраст. Придобивките од овие сензори е постојаното мерење на шеќерот, 24 часа. Секој дијабетичар има апликација во својот телефон ја сигнализира опомената. За ќал, рокот име е две недели и потребно е да се набават нови. Но, она што е важно е тоа што придонесуваме кон запознавање на лицата со дијабет како на сенозорскиот начин можат да врѓат  контролирање на гликозата во крвта и да прдонесеме кон подигање на свеста за важноста за постојаното следење на промените на гликозата во крвта и менување на навиките кај дијабетичарите и граѓаните “ – рече Петар Петрески, член на Лајонс клуб Прилеп

Овие сензор ќе овозможи полесно контролирање на гликозата во крвта. Претходно меревме со ленти и апаратчиња, но со ваквите сензори и запознавањето со нив е полесно живеењето со дијабет, бидејќи тие сами го контролираат инсулинот, а резултатот ни стигнуваат одма во телефонот. Потребно е тие да бидат бесплатни, бидејќи нивната а цена е 70 евра, а се користат само две недели откако ќе бидат поставени“ истакна Филип Петрески, кои 18 години живее со дијабет.

На Светскиот ден на дијабетот, 14 ти ноември,сокоја симболично се одбележува борбата против дијабетот и подигнување на јавната свест за оваа категорија пациенти, Лајонс клуб Прилеп ја одржа 17 традиционална хуманитарен настан, на која беа собрани средства за набавкна на сензорите наменети за дијабетичари кои имаат дијабет еден. Покрај одличната забава, присутните имаа можност за учествуваат и во аукцијата на слики, при што беа собрани средства за набавка на сензорите за следење на гликозата во крвта, наменети за дијабетичари од социјална категорија.

Останатите средства, кои се собрани, велат организаторите,  се донирани во LCI фондацијата и ќе бидат користени за други хуманитрани цели.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...