(Видео) Како Прилеп го доби Божиќниот базар на германски начин ?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По примерот на германските градови, за првпат во Прилеп се одржа „Германски божиќен базар“. Граѓаните на Прилеп беа во можност одблизу да се запознаат со германската божиќна традиција, култура и традиција. На плоштадот „Методија Андов – Ченто“, на неколку штандови, ученици кои изучуваат германски јазик, заедно со нивните наставници од Прилеп и од другите градови на Македонија нудеа божиќни колачиња, переци, божиќни украси, се пееше на германски јазик, се презентираше божиќната разновидност.

Настанот, кој имаше хуманитарен карактер, беше во организација на наставниците по германски јазик од основните и средни училишта на Општина Прилеп, поддржан од Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија, Гете-Институтот од Скопје и Амбасадата на Германија во Р. Македонија. На настанот лично присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Петра Дрекслер, која ги поздрави присутните и им честит за добро организираниот настан.

Претседателката на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, Габриела Темелкоска, истакна дека ова е голема можност на граѓаните на Прилеп да им се доближи германскиот јазик и култруа,„бидејќи, Божиќ е најубавиот дел од годината, кој сите не поврзува, кога луѓето ја чуствуваат таа празнична атмосфера,  се солидаризираа, да си подаваат рака едни на други“, рече таа

“Изучувајќи го германскиот јазик стануваме свесни за културата и традицијата на еден народ, градиме мостови помеѓу нас, ги развиваме интеркултурните компетенции кај младите уште од најрана возраст, споделувајќи притоа позитивна енергија и емоции. Да се зборува странски јазик е богатство, но да се зборува германски јазик во денешно време, во оваа дигитална ера е придобивка, бидејќи е втор светски јазик кој му овозможува на они кои го изучуваат и знаат подобри можност во светски рамки. Покрај хуманитарната цел, срдстват од продажбата ќе бидат донирани за еден наш мал сограѓанин, целта е од овојна настанот децата да си заминат со збогатување на речникот на греманскиот јазик, барем со најмалку уште неколку зборови повеќе” – рече Темелкоска.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски присуствуваше на настанот и потенцира дека ваквите хумнанитарни, забавни и едукативни настани општината ќе продолжи да ги поддржува, бидјеќи ова е еден поразличен начин на празнување и дочек на Новата година во духот на традицијата .

„Ова е одлична можност за запознавање на германскиот јазик и доближување на германската култура до младите. Во духот и културата на германскиот јазик драго ми е што денеска се отвора Божиќниот базар на германски начин и што имаме олку голем број посетители, кои уживаат во она што го изработиле учениците кои го изучуваат германскиот јазик од Прилеп и од другите градови на Македонија. Учењето за други култури и традиции ни помага да развиеме почит, разбирање и толеранција кон различностите. Тоа го проширува нашиот поглед на светот и ни овозможува да градиме посилни врски со луѓе од различни средини, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Гете-институот, Гордана Фугер Бабоска потенцира

„Тој е втор странски јазик кои го изучуваат учениците со голем интерес. Причините се многубројни, како што е студирање, патување, вработување итн,но исто така герамнија е значаен економски партнер. Секогаш активно учествуваме во промовирање на јазикот и културата, рече таа

Учениците, пак кои беа дел од овој настан, истакнаа дека изучувањето на германскиот јазик им претставува голем предизвик.

Германскиот Божиќен базар беше организиран под покровителство на Општина Прилеп, со поддршка не неколку општествено одговорни компании од Прилеп и е дел од „Прилепската празнична приказна“ посветена н новогодишната прослава која ја организира Прилеп, а Здружението на наставници по германски јазик е наш значаен партнер и затоа ние секогаш ги поддржуваме ваквите настани,

Тој предизвика голем интерес кај сите минувачи, добронамерници и поддржувачи на германската култура и јазик. Неговиот хуманитарен карактер само го надополни и го збогати овој настан.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тројца Бугари заработија кривична пријава за кражба на македонско културно наследство

Бугарските државјани кои пред шест денови беа приведени од полицијата под сомнеж дека вршат недозволена трговија со македонското културно наследство (делови и предмети од македонски народни носии) заработија кривични пријави. Се обидувале со товарно и патничко возило да ги изнесат предметите без дозвола надвор од границите на Македонија :

Го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Се’ почести се физичките напади и во сообраќајот. Полицијата регистрира случај во кој двајца нападнале и физички се пресметувале со 51 годишен маж поради недоразбирање во сообраќајот. Во пресметката употребиле и метален предмет:

Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, следуваат парични награди

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2025 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com . Изборот на...