(ВИДЕО) Jack Daniel со нова химна за ноќните забави

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Скопје добива нова музичка химна за ноќниот живот! Со енергија што се чувствува уште од првите тактови, Jack Daniel ја претставува својата најнова песна „Во Скопје“ – динамична, разиграна и создадена за журки што траат до раните утрински часови. Уште на самиот почеток, заразниот рефрен вели: „Во Скопје има журка, земи друштво дојди, Jack Daniel за нас е тука одма појди…“, јасно е дека ова не е само песна – ова е покана за забава. Инспирирана од урбаниот ритам на главниот град, „Во Скопје“ го доловува она чувство кога градот никогаш не спие – светла, музика, насмевки и добра енергија на секој чекор. Песната носи модерен фанк звук кој совршено се вклопува со сценскиот настап и харизмата по која Jack Daniel е препознатлив.
Зад музиката стои докажан тим – композицијата е дело на Петрос Лаковидис, текстот го напиша самиот изведувач, додека за продукцијата се погрижи Горан Мирковски – The Music Sound, давајќи ѝ на песната модерен и радио-френдли звук. Но приказната не застанува тука. Видеото за песната е вистинска визуелна разгледница на Скопје – ноќни кадри, динамика, урбана атмосфера и енергија што се пренесува директно на гледачот. Снимено со дрон и реализирано од Арт Студио продукција во соработка со Балкан Мјузик телевизија, спотот дополнително ја засилува приказната што ја носи песната.
Интересен детал е и кастингот за видеото – за само неколку часа, огромен број девојки се пријавиле да бидат дел од проектот, што само ја покажува популарноста и интересот околу новиот хит. Jack Daniel, познат како шармер и џентлмен на сцената, уште еднаш ни докажа дека знае како да ја почувствува публиката. Неговата комуникација со фановите – и женската и машката публика – е дел од неговиот успех, а токму тоа се чувствува и во оваа песна. „Во Скопје“ не е само уште една песна – тоа е атмосфера, тоа е движење, тоа е чувство. И ако судиме по енергијата што ја носи – ова лето ќе звучи токму вака.Радио Пела ја поддржува македонскатам узика и се разбира сите оние кои креираат музика која во исто време ја промовира македонската музичка сцена.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепска промоција на „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски

На шести април, понеделник од 18 и 30 во кафетеријата Тротоар во Прилеп ќе се одржи промоција на „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски. Промоторка на новото дело од Димоски е Драгица Здравеска. „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ на Звонко Димоски е ракопис што ги обединува...

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Организацијата која повеќе децении беше легитимен претставник на тутунопроизводителите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители денеска со собир на претставниците од 15 те здруженија членки на Сојузот, го одбележа Денот на тутунските работници – 4 ти април во Прилеп.  Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија постои од 1953...

„Недела на пешаците“ – едукација за учесниците во сообраќајот

Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците. Активноста е во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп. Традиционално и овој настан беше во...