(Видео) Информативна средба во Прилеп за примена на Законот за работно ангажирање на лица

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Општина Прилеп денеска се одржи информативна средба насловена „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Целта на средбата беше јасно и практично информирање на работниците и стопанствениците за можностите и придобивките што ги нуди Законот.

На средбата  на која присуствуваат претставници на угостителскиот сектор, земјоделци и стопанственици од Прилеп и регионот зборуваше заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој ја образложи идејата и можностите кои го имаат овој закон и за работодавците и за сезонските работници.

Главна цел на овој закон е сузбивање на  сивата економија. Очекуваме преку информативни состаноци, што повече млади луѓе, пензионери, невработени, сите кои се рботноспособни да ги користат бенифитите на овј закон. Со овој закон воведуваме фер ангажман на лица кои работа ќе работата  легално, пријавена и со уплатени придонеси. Им даваме можност на компаниите полесно да одговорат на сезонските потреби, а на работниците им гарантираме сигурност и заштита.“,  изјави заменик министерот на инфо средбата во Прилеп.

Со новото решение, угостителските објекти можат да ангажираат сезонски кадар: келнери, готвачи, шанкери, собари, доставувачи и друг персонал, до 10 лица или до 10% од вкупниот број вработени, преку електронска апликација, која може да опфати и денвен  анажама за неколку часа. Законот ги опфаќа и дејностите земјоделство, шумарство и рибарство, каде е овозможено сезонско ангажирање до 180 дена годишно, како и дејности во домаќинствата, како што се чување деца и грижа за стари лица. Невработените лица нема да ги изгубат своите права, студентите и пензионерите можат дополнително да работат, а минималниот надоместок по час е поврзан со минималната плата.

Според анализите, на Центарот за истражување и крирање на политики, се очекува близу 20 илијади  сезонски работници во земјоделството и на над 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите во домот да прминат од неформалната во формалната економија..

Ова е едно модерно решение кое овможува електронска пријава и одјава на работниците, преку апликација на мобилниот уред и од секое место.Се плаќа само паушал за одредена минимална заштита и социјално осигурување при повреда на работното место,што овоможува заштита на работникот и ја легализира работата која досега беше неформална.Нашето истржување покажа дека најчесто неформално работно се ангажирани лица кои се во ранливите категории и користат одредена социјална помош и не се пријавуваат,бидјеќи се плашат  да не го изгубат своето право. Но, сега сите стипендисти, корисници на минимална гарантирана помош, пензионери итн,а се ангажирани во овие три области,земјоделије, угостителство и услуги во домот нема да ги изгубат своите права и на овој начин овможумуваме фер ангажман за сите“, рече Марија Ристеска, од Центарот за истражување и креррање на политики.

Ова не е замена за редовно вработување, “туку јасно уреден инструмент за сезонски и повремени потреби“, нагласи заменик – министерот на средбата со прилепските стопанственици и невработени лица.

Апликација за работно ангажирање на лица за сезонски и повремено ангажмани е веќе во функција со ведување на законот за работно ангажирање на лица, но барем до досега нема регистрирано апликанти, беше посечено на инфо средбата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп –...

Во Градската библиотека Борка Талески денеска се одржа Јавна расправа иницирана од Министерството за животна средина  и просторно планирање, на која беше презентирана изготвената Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“. На јавната расправа учествуваа...

Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп

Во просториите на Општината доцна попладнево се одржа редовниот “Приемен ден на градоначалникот“, на кој граѓаните имаа можност директно да ги изложат своите проблеми, предлози и идеи. Десетици жители од различни делови на градот дојдоа за да разговараат за прашања поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги, урбанистичките планови и социјалната поддршка....

Растат трошоците за живот – инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија

ДЗС потенцира дека растот на трошоците е резултат на повисоки цени во повеќе сектори, а инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија. Во февруари е измерeна инфлација од 2,9 проценти. Во февруари 2026 година, трошоците за живот во Македонија бележат умерен раст, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика...