(ВИДЕО) Индустриската зона Металец се доуредува со асфалтирање на улици и осветлување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Индустриската зона Металец, позната како Прилеп 1 инфраструктурно се доуредува со асфалтирање на уличната мрежа. За таа цел од Буџетот на Општина Прилеп се оддвојуваат средства со кои ќе биде завршен процесот на урбанизација на Индустриската зона.

„После подолги години, од основниот буџет на општина Прилеп се одвојуваат 37,4 милиони денари за да се дозаокружи процесот на урбанизација на оваа индустриска зона. Како локална самоуправа, работиме на подобрување на индустриските зони, нивниот квалитет и подобрување на условите за стопаниствување на прилепското стопанство. Се асфалтира 7 метра широк коловоз, со што би се завршиле 973 метри во зоната. Се доуредува просторот, предвидено е на двете страни по 2 метри широк тротоар,“ рече градоначалникот Дејан Проданоски кој беше на увид за почетокот на градежните активности.

Зо зоната функционораат десетина индустриски капацитети со над 1000 вработени. Неколку од парцелите имаат спор, а општината работи на негово надминување за да се продолжи со непречено градење.

„Со заокружување на градежните инфраструктурни работи се надеваме дека инвеститорите кои запреле со градба ќе ги предизвикаме да продолжат со своите планови. Преземаме мерки во локалната самоуправа да ги надминеме тие пречки кои што ги имаат подолг период“ рече Проданоски.

Во рамките на договорот предвидено е уредување и на делот од улицата Александар Македонски кој што е проблематичен за сообраќајот на оваа фреквентна делница на излезот од Прилеп со замена на фекалната и атмосферската канализација.

„Проектот е предвиден да се реализира во 3 дела, а еден дел има промена на фекалната канализација со кој би се решил овој проблем на самиот влез од самата зона и третиот дел е градежно конструктивниот проект кој опфаќа асфалтирање и предвидено е ново улично осветлување по цела должина на зоната,“ рече Владимир Христоски раководител на одделение за локални патишта и улици при Општина Прилеп.

Изведувачот градежната фирма Изофас денеска почна со активностите.

„Се работи на оска 1, на квадратура од околу 3 200 м2 која што е започната како прва фаза од изведбата на која и’ претходеше нова инфраструктурна мрежа, нови рамници и ширина на коловозот од 7 метри и асфалтирање во два слоја: прв слој од 9 см и втор слој од 4 см. Во однос на динамиката за работа, согласно договорот, проектот треба да заврши кон крајот на септември, вклучително првата и втората фаза околу металната конструкција би требало да завршиме кон средината на септември согласно сите деталји во договорот,“ рече Филип Иваноски, од фирмата изведувач Изофас.

Што се однесува до предизборното ветување за изградба на трговски центар во Индустриската зона Металец, градоналникот Проданоски посочи дека на дневна основа се работи за утврдување на потребата од металната конструкција која што е во сопственост на УЈП. Инаку, интерес за изградба на трговски центри во општината засега имало три понуди кои, како што рече до крајот на мандатот општина Прилеп ќе има 3 затворени трговски центри.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп. Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку...

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од...

(ВИДЕО) Jack Daniel со нова химна за ноќните забави

Скопје добива нова музичка химна за ноќниот живот! Со енергија што се чувствува уште од првите тактови, Jack Daniel ја претставува својата најнова песна „Во Скопје“ – динамична, разиграна и создадена за журки што траат до раните утрински часови. Уште на самиот почеток, заразниот рефрен вели: „Во Скопје има журка,...