(Видео) „Градинарот“ Андреј и во Прилеп со акција во детската градинка “Гоце Делчев“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Градинарот“ Андреј,  кој волонтерски ги уредува зелените површини во Скопје, и, кој има прилепско потекло, пристигна и во Прилеп.Тој заедно со родители, млади волонтери од Прилеп и вработените во детската градинка “Гоце Делчев , го уредија дворот на грдинката и создадоа нов лик. Ги исчистија пеѓачките патеи, каналот, грмушките, дворот…Неговите маѓични раце направија чудо, а задовослтвото беше заедничко.

Видеото е кратко, но за еко акцијата беа потребни многу,многу часови работа…

Дваесет и петгодишниот Андреј Рајатоски,  кој стана познат под псевдонимот „Градинарот„ ( Градинарот.мк), откако почна бесплатно да ги уредува паркчињата во Скопје, привлече вниманието на јавноста. Невработениот економист кој сака градинарството да му стане професија, веќе го препознаваат на улица и поради неговата уникатност и големо влијание врз јавноста добива голем број пораки и коментари на социјалните мрежи за поддршка.

Токму неговото прилепксо потекло, го донесе во Прилеп!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пронајден 65 годишен скопјанец починат покрај трактор во прилепско

Вчера попладне (14.03.2026 во 11,48 часот)  во ОВР Прилеп било пријавено дека во с. Витолиште, прилепско, пронаједно е неподвижно тело. Човекот е пронајден починат, покрај трактор, без знаци на насилство. Констатирано е дека станува збор за  лицето  Д.П.(65) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп ,...

Очекувани порази на Победа и Големо Коњари

Во 21 то коло од Втората македонска лига двете прилепски екипи забележаа порази во гости и на домашен терен. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ за прв пат по 4 натпревари поради казна од ФФМ се играше пред публика. На ФК Победа и’ гостуваше екипата на ФК Скопје и сосема очекувано...

Прилеп: Се уредува централното градско подрачје и Чарши џамија

Продолжуваат градежните активности за доуредување на централното градско јадро што е сликата на Прилеп. Старата градска чаршија е белег на градот, а во тие рамки и Чарши џамијата која што децении е оставена на забот на времето, без да се преземат било какви комунални, археолошки  или градежни зафати за нејзино...