(Видео) Гордост на Прилеп! Прво место за младата Михаела Пурдеска на музичкот фестивал ,,Песните на Тоше”

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прво место за младата,  Михаела Пурдеска од Прилеп, на музичкот фестивал ,,Песните на Тоше” во II категорија натпреварувачи, која настапи со прекрасната балада на Тоше Проески  „Тајно моја“.

Со својот ангелски глас и емотивна интерпретација, ова младо девојче од Прилеп го освои срцето  на публиката и жирито, и заслужено го понесе првото место на овој музички фестивал „Песните на Тоше“, каде се слави наследството на еден од најголемите македонски уметници, Тоше Проески, фестивалот кој ги слави песните и хуманоста на Проески, а  се одржува во Скопје.

Тивка како шепот, моќна како гром со нејзиниот глас, кои не остава никој рамнодушни така таа, иако млада по години, покажува зрелост и музичка длабочина која ретко се среќава на нејзина возрст. Нејзиниот настап, овој пат, беше повеќе од изведба – беше искрена исповед за љубовта кон нејзиниот идол Тоше, полн со емоции и восхит кон песните на Проески,симболот на човечност и музичка величина.

Михаела со овој настап не само што ја оживеа песната, туку и ја претвори во мост меѓу генерациите. Нејзината способност да пренесе чувства преку музиката е доказ дека талентот не познава возраст. Со победата на фестивалот, Михаела Пурдеска го запиша своето име во музичките анали  и го потврди она што многумина веќе го чувствуваат – дека Македонија има нова музичка надеж, нова ѕвезда која блеска со чистота, страст и искреност.

Михаела, ти си гордост за Прилеп, за Македонија и за сите што веруваат дека музиката е јазикот на душата! Нека оваа победа биде само почеток на твојот блескав пат!“- ти посакува од се срце екипата на Радио Пела

Инаку, Михаела Пурдеска е  ученичка во 8 одделение во ООУ Климент Охридски, ученицчка по соло пеење при ОМУ ,, Ордан Михајлоски – Оцка”, а својата музички талент го надоградува во приватната музичка школа Матрик -Прилеп, чии ментор е македонскиот пејач, Денис Димоски.

При оваа прилика на својат ФБ страна таа напиша:

Со голема радост и благодарност, сакам да ја споделам веста дека оваа година го освоив првото место на фестивалот “Песните на Тоше”! За мене беше голема чест да учествувам и да ги изведам песните што го одразуваат духот на Тоше, но и да ги споделам моите чувства преку музиката.,напиша таа на својата ФБ страница

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...