(ВИДЕО+ ФОТО) Преку показна вежба и презентација на опремата пожарникарите им ја доближија својата мисија на младите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пожарникарите од ТППЕ – Прилеп денеска преку показна вежба и презентација на противпожарната опремата со која располагаат, го одбележуваа 20-ти мај, Денот на македонските пожарникари, ден посветен на пожарникарите и нивната улога во заштитата на граѓаните и имотот.

Прилепчани, а пред се ученици од основните училишта имаат можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и да погледнат како пожарникарите спасуваат човек во неволја.

Младите се интересираа за секој детал, а пожарникарите несебично и гордо раскажуваа за својата професија, покажувајќи ја опремата и начинот како им помагаат на луѓето.

„Нашиот најголем благодет е да им помагаш на луѓето, а најголем предизвик да спасиш човечки живот. Од друга страна ова е опасна професија која бара внимателност, знаење и брзо делување, бидејќи секоја секунда, минута е значања за да се спаси имотот или човекот, но и да се вимава на споствениот живот“ рече командирот на ТППЕ – Прилеп, Виктор Стојчески.

Честитајќи им го празникот на пожарникарите, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека Прилеп прави напори и кадровски, и технички да им овозможи, на оваа

 

 

  значења служба, да функционира поефикасно.

„Професијата пожарникар претставува повик што бара огромна храброст, дисциплина, одговорност и човечност. Тоа се луѓе кои реагираат таму каде што другите се повлекуваат, луѓе кои во најтешките моменти остануваат смирени и секогаш подготвени да помогнат. Нашата територијална противпожарна единица многупати досега покажала дека Прилеп има служба на која граѓаните можат целосно да се потпрат. Подготвеноста, организираноста и професионалниот пристап што го покажуваат се резултат на долгогодишна посветена работа, континуирана обука и искуство стекнато на терен.“ рече Проднаоски.

Тој потенцира дека Општина Прилеп ќе остане и понатаму партнер и поддршка на пожарникарите преку вложувања во подобри услови за работа, современа опрема и јакнење на капацитетите на службата, а во пресрет на летниот период, упати апел до сите граѓани за внимателно и одговорно однесување за да се спречат пожарите на отворено, палењето стрништа, невнимателното фрлање отпушоци и несовесното однесување кое можат да предизвикаат сериозни последици по природата, имотот и човечките животи.

ТППЕ – Прилеп располага со 51 пожарникар, недоволно да ги покрие и двете општина Прилеп и Долнени, каде што делува, со релативно добра опрема, но секогаш недостиг на противпожарни возила и друга суфистицирана опрема за гаснење пожар.

За само 5 месеци од оваа година прилепските пожарникари имале повеќе од 350 интервенции.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Форум „ЕкономиУМ“ – економската струка како двигател на општеството

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп – Економското училиште за прв пат се одржа Меѓународен средношколски форум „ЕкономиУм“ на кој учествуваа претставници од економски училишта од Македонија, од две училишта од Република Србија, од Сомбор и од Ниш, од Економскиот факултет, од компании со кои во практичната настава соработува училиштето,...

Приведени двајца во Прилеп без возачки дозволи, едниот бил пијан и се обидел да избега

Две пријави од реализирани сообраќајни контроли во Прилеп на прилепската полиција: возач кој што под дејство на алкохол управувал автомобил без возачка дозвола и се обидел да избега, како и возач од Скопје кој не поседувал возачка дозвола: На 19.05 2026 во 23:45 часот на ул.„Кораб“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР...

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе улици во Прилеп

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА поради технички зафат во ниско напонска мрежа во градот Прилеп на 21.05.2026год. (четврток) од 09.00 ч. до 11.00 часот улицата Браќа Миладиновци. Додека истиот ден на 21.05 (четврток) од 12.00 ч. до 15.30 часот на следните улици во Прилеп: на дел од улицата Александар Македонски,...