(ВИДЕО) Екслузивно за Радио Пела : Нова ера во професионалниот бокс во земјава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полека но сигурност се загрева атмосферата во пресрет на најголемиот профи настан во земјава .Simfonija Boxing Night , боксерски спектакл кој на едно место ќе го собери „кремот“ во регионалниот професионален бокс.27ми септември , сала Симфонија , Ново Лагово.Ексклузивно за нашиот медиум , дел од подготвителниот период за оние боксери кои ќе ги бранат боите на Македонија.Навистина желбата за докажување е присутна но и мотивацијата кај нив е можеби клучен фактор, да се темпира формата , зашто пред прилепската публика за очекување е спектакл од невидени размери.До почетокот на таа вечер , несекојднев, а исполнета со адреналин , уживање и afterparty   останува љубителите на боксот да дојдат и да го погледнат шоуто исполнето со  борби , атракција , атмосфера која потоа сигурно ќе се прераскажува.Во продолжение уживајте и во нашиот видео сегмент од тренингот и подготовките на боксерите. 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Студентски стипендии за студенти од општина Прилеп

Општина Прилеп објави Јавен повик за студентски стипендии на 20 студенти од општина  Прилеп кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок. Стипендиите се наменети за: – најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања, -студенти од социјално ранливи категории, на...

Прилеп гради план за одржлива мобилност

Општина Прилеп со низа манифестации од утре среда, 17 ти септември се приклучува кон Европската недела на мобилност-водечка кампања за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. Еднонеделната програма опфаќа активности како што се возење велосипед, бесплатно користење на јавниот градски превоз, ноќна трка низ улиците во Прилеп, манифестација „Сите...

Агресивни однесувања на поединци и физички напад врз внука – интервенирале полициските службеници во Прилеп

Неколку физички напади ,вчера, регистрирани во Прилеп – еден бил нападнат со дрвен предмет; бабата пријавила напад врз нејзината внука, а треисет и девет годишен прилепчанец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија ОД ПОЛИЦИСКИОТ БИЛТЕН  во Прилеп: На 15.09.2025 во 17:15 часот во ОВР Прилеп, Ш.А.(22)...