(видео) Дваесет години ФК „Кочани“ – Одржано редовно годишно Собрание

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во ресторанот „Аледар“, синоќа, основачите на клубот одржаа редовно Годишно собрание на ФК „Кочани“.

2025 – та е дваесетта година од постоењето на овој клуб, во кој женскиот состав доминира.

ФК Кочани е основан 2005 година, основачкото собрание се одржа токму во „Аледар“ . Прв претседател е Ратко Димитровски, кој и во моментов раководи со клубот.

Истата 2005 – та година пионерската машка екипа на клубот учествуваше на меѓународен турнир што се одржа во Врњачка Бања, Србија и играше финале.

Но, женскиот дел од ФК „Кочани“, сепак, е она што го прави клубот препознатлив.

Кочанчанки сезонава го освоија првото место во Втората лига и обезбедија прволигашки статус  во натпреварувачката 2025/26 година.

Нивните амбиции се борба за средниот дел од табелата и опстанок меѓу прволигашите, а акцентот ќе биде ставен на потенцијалот од сопствените редови.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лишен од слобода 36 годишен кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.

Родителите на загинатите деца на Маршот на ангелите прашуваат: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на денешниот 16 Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог. -Сакаме

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме двајца дистрибутери

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонијаза програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од 2- ца дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917