(Видео) Блокиран патот Виница – Берово: Жителите на Блатец на протест против хидроцентрала на Блатешница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на село Блатец денес искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница.

Тие се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница оти сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и идните генерации. Според нив водоводниот систем на Блатец директно зависи од реката Блатешница, а изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода што пристигнува во водоводот.

„Бараме владата да ја поништи концесијата за река Блатешница“, „Реката дише не ја задушувајте“, „Слушнете го народот, не инвеститорот“, „Не ја гасете иднината за профит“, се само дел од пораките кои ги испратија жителите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во тек е големиот протест на жителите од Блатец…

Младите и жителите од село Блатец, вклучени во иницијативата „За чисто Блатец“, денеска излегоа на протест против изградбата на хидроцентралата на реката „Блатешница“. Протестот започна во 15 часот и се очекува да трае до 17 часот. Присутните извикуваа „УА ПРОФИТЕРИ“, изразувајќи незадоволство од досегашните активности поврзани со проектот. Покрај редовните блокади и протестите, граѓаните подготвија

Вчера се одржа Годишно собрание на Македонска асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови

Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови МААВЗК вчера во Велес го одржа своето годишно собрание на кое досегашниот претседател Зоран Јаневски доби нов двегодишен мандат. Нов мандат од две години добија и Секретарот Живко Гурев од Тиквешки Точакџии – КАвадарци, како и потпретседателите Горанче Богоевски од  Macedonian bike riders од Скопје и Даниел

Aмфенол вработува…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.