(ВИДЕО) Алиоски : По пауза од 18 години , фудбалот се враќа на стадион во Житоше

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мештаните на с.Житоше повторно го враќаат фудбалот во с.Житоше , откако со помош на многуте ентузијасти , го реактивираа клубот Братство кој е фудбалски клуб со голема историја а и клуб кој пред извесно време настапуваше во втората македонска фудбалска лига.Сега откако ќе тргнат повторно од почеток , сите од овој клуб предводени од својот тренер – играч , Музафер Алиоски , очекуваат оваа екипа да се врати на старите патеки а што е најважно , тимот ќе игра пред своја публика во с.Житоше и тоа веднаш во првото коло во општинската Б лига со силен противник , Канатларци.Во спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ , за сево ова зборуваше токму тренерот на Братство а разговорот во целост погледнете го подолу.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: