(ВИДЕО) „12“ на МНТ наградена за комплетно уметничко остварување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денес, напладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ на Прилеп пресконференција по повод завршувањето на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ на која беа соопштени годинешните наградени театарски остварувања.

Според претседателката на фестивалот, Ана Стојаноска, праксата да има тричлено интернационално жири е спроведена со цел транспарентност во одлуките за наградите. Трилченатата жири комисија работеше во состав Лилија Абаџиева, претседателка и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ.

Претседателката Абаџиева, го истакна задоволството од соработката со македонските театри, како и позитивните впечатоци од македонската театарска продукција, но и моментот дека токму уметниците без разлика од која држава доаѓаат или на која националност припаѓаат имаат моќ да градат мостови какви што не можат да изградат политичарите и дипломатите.

Наградата за уметничко остварување на претставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“, а истата претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. Оливер Митковски од истиот ансабл е носител на наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога во претставата.

Претставата „Слепци“ на НУ Турски театар од Скопје ја понесе возобновената награда од пуликата со просечна оцена 5.  Режисерот на претставата „Слепци“, Ќендрим Рајани, со мнозинство гласови е награден за режија,  а актерката Слаѓана Вујошевиќ пак, членка на истиот ансамбл ја понесе наградата за најдобра млада актерка.  Медина Хоџа од истиот ансамбл е наградена за рекламен материјал , со мнозинство гласови.

Велешкиот театар „Јоран Хаџи Константинов Џинот“ од Велес, за претставата „Рацин“, од фестивалот си оди со награда за кореографија и сценски движења за актерот Васил Зафирчев, наградата за музика „Филип Стевановски“ за Сашо Костов и награда за сценографија за Валентин Светозарев. 11.Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови се доделува на Оливер Митковски за улогата на 10 во претставата „12“ во изведба на  НУ МНТ Скопје.

Наградата за главна машка улога „Трајко Чоревски“ е доделена за актерското остварување на Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“ на Народниот театар од Битола, а Јелена Цветановска е добитничка на наградата за современа сценска драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во истоимената претстава.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство гласови му е доделена на актерот Атанас Атанасовски за улогата на Оскар Медисон во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија-Скопје, а Маја Љутков е наградена за епизодна женска улога во истата претстава.

Наградата за главна женска улога ја понесе Марија Минчева Андонов за улогата на мајката во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“-Штип.

Ана Ристоска Трпеноска е добитничка на наградата современ драмскит екст за текстот „Парови“ во изведба на НУ Драмски театар-Скопје.

Самка Фери со едногласна одлука ја понесува наградата за костимографија, за костимите  во претставата „Ричард III” во изведба на НУ Албански театар – Скопје.

Наредната година, фестивалот ќе го има своето јубилејно 60 издание.

Филип Димкоски

Видео продукција: Никола Димески

Насловна фотографија: МТФ „Војдан Чернодрински“

 

 

.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...