(ВИДЕО)🛩️Светско, а наше🥇Лука Најдоски од Фил Феникс Прилеп е светски шампион

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Професионални пилоти, меѓународни судии, добитници на меѓународни признанија, претставници од Македонската воздухопловна федерација денеска присуствуваа во Прилеп во организација на  Клубот за воздухопловни спортови Фил Феникс Прилеп. Беа доделени признанија за долгогодишна работа во повеќе дисциплини од воздухопловството и за спортските достигнувања остварени во 2025 та година.

Македонија, Прилеп и Фил Феникс има со што да се гордее – 16 годишниот Лука Најдоски, член на матичниот клуб, на македонската репрезентација е актуелен светски јуниорски шампион во спортско моделарство, а 13 ти на светската листа за сениори за 2025 та. Лука на Светскиот куп во воздухоловно моделарство – категорија Ф1А едрилици во јуниорската конкуренција го освои првото место и ја има највисоката позиција.

Од рана возраст ме привлече овој спорт, авионите и се што е поврзано со летање, така што ми се јави голема љубов за да бидам член на прилепскиот клуб. Овој спорт ми внесе уште поголема желба кон воздухопловството. Запишан сум во училиште за воздухопловство, а имам и цели во животот што сакам да ги остварам. Конкретно, во врска со образованието, учам во Белград, на Воздухопловната школа, на насоката авиотехничар и механичар, за сервис и контрола на авиони и тука сакам да останам и продолжам и натаму, затоа што тоа ме интересира, тоа го сакам – рече Лука.

Дипломата на честа  од Светската воздухопловна организација му припадна на пилотот Никола Петковски од Куманово, со кариера од 50 години во воздухопловството и управување со 24 типови на авиони.

Денеска сум во Прилеп поради добивање диплома  по повод 50-годишната кариера. Државата во последните 30 години крева раце од финансирање на воздухопловството, од обуката на пилоти. Самите кандидати финансираат. Војската направи една обука – од 200 кандидати само 8 завршија. Затоа треба да се активираат Аеро клубовите, коишто се база за кадрите што ќе излегуваат, а сето тоа државата да го финансира. За некој да стане пилот потребни се можеби до 100 илјади евра, а кој може тоа да го овозможи? Најдобро е државата, за да не се дојде до ситуација да немаме пилоти во државата, вели Петковски.

Клубот Фил Феникс со години организира на највисоко ниво меѓународни натпревари во неколку дисциплини, а годинава во јули се најавени три спортски манифестации на кои ќе присуствуваат околу 50 репрезентации на земји од цел свет.  Здравко Тодороски, претседател на Фил Феникс е задоволен од постигнувањата досега, а најавува подигнување на нивото за годинава што следи:

Минатата година достигнавме јубилеј од 25 години организирање на Светскиот куп Прилеп, што е редок случај во меѓународните рамки, а освен тоа нашите спортисти достигнаа да бидат рамо до рамо со врвните светски. Организиравме 5 светски и европски првенства досега, а ВФМ ни даде можност да организираме 2 шампионата оваа 2026 година, што се следен предизвик за општината, за државата – за организацискиот тим, Светското јуниорско и Европското сениорско првенство. Двете се за 11 дена, ако го сметаме и претходниот Светски куп тука. Градот Прилеп ќе биде под спортска окупација на 45 држави -покрај од Европа, и од најголемите Кина, САД, вкупно над 500 присутни, од 23 јули до 3 август, на теренот кај Веселчани – најави Тодороски.

Од името на клубот и на македонската федерација Здравко Тодороски додели ФАИ-лиценци за меѓународните судии и ФАИ-лиценци за спортистите, а очекувано Лука Најдоски е прогласен за спортист за 2025 година.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...