Денеска, 9 април, за православните верници е Велики четврток — четвртиот ден од Страсната недела пред Велигден.
Убавото време и подготовките за најголемиот христијански празник ги раздвижија жителите на Кочани.
Пазарот во градот денес беше преполн со посетители.
Теренската екипа на Радио Кочани направи обиколка на пазарот и разговараше со купувачи и продавачи за подготовките за празникот.
Граѓаните најмногу купуваа овошје и зеленчук, а според традицијата, важно е во домот да се внесе нешто ново, најчесто нешто земјено.
Поради тоа, поголем интерес имаше и за грнчарските производи.
Рано изутринава, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисаа првите велигденски јајца, кои традиционално се црвени и ја симболизираат Христовата крв.
Во Кочани, граѓаните полека ги завршуваат подготовките за најголемиот христијански празник, одржувајќи ги старите обичаи и традиции.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









