Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва и утревечер, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ќе се одржи триесет и деветтото издание на реномираниот музички фестивал на забавни мелодии Макфест.

На пресконференцијата  одржана денеска,  се обрати градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а за деталите во врска со ова издание говореше уметничкиот директор Роберт Саздов.

Саздов информираше дека  првата фестивалска вечер ќе биде со натпреварувачки карактер, а втората вечер ќе биде ревијална, и на неа ќе настапат неколку етаблирани изведувачи.

Како и минатите години, така и оваа се потрудивме во ревијалниот дел да имаме што повеќе звучни имиња. Вечерва во натпреварувачкиот дел ќе настапат тринаесет учесници. Не се сите дебитанти. Некои од нив веќе имаат некаква музичка кариера, меѓутоа сметавме дека не се доволно афирмирани и дека заслужуваат повеќе. Како што обично се случува, некои од нив ќе имаат повеќедецениска кариера, а некои за неколку години ќе отидат во некој сосема друг правец. Меѓутоа нашата искрена желба е што повеќе од учесниците на Макфест , да останат што подолго во музиката, да имаат голем придонес во македонската естрада и еден ден да бидат и дел ор организацијата на Макфест-рече уметничкиот директор Роберт Саздов.

Продуцентот Александар Арсовски информираше дека изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар во живо, а директен телевизиски пренос на фестивалот ќе изврши Македонската радио телевизија.

Јован Јованов како член на уметничкиот совет на Макфест ги соопшти имињата на учесниците, и извести дека  за најдобрите изведувачи ќе одлучуваат гласовите на публиката и на стручното жири.

Според нашите сознанија Прилеп ќе го претстават двајца млади изведувачи и тоа Александра Трајческа и Сергеј Поповски.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...

Пари: Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте најголеми компании во Прилеп

Во Прилеп 44% работата во индустријата, останатите во локалната еконоија. Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте компании – најголеми работодавачи ( Гентерм, Мермер, Витаминка…. ) Нивните колективи минатата година броеле 6.623 лица што, пак, е околу 44 насто од сите вработени во градот, пишува  pari.com.mk чии целот...

Изложба “Детски цртежи“ од Ателје Артика

Утре, (5 јуни 2026 г. /петок/ од 18.30 ч.)  во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика. Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посеетуваат настава во ателјето. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и труизам. Ателје Артика, основано во...