Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва и утревечер, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ќе се одржи триесет и деветтото издание на реномираниот музички фестивал на забавни мелодии Макфест.

На пресконференцијата  одржана денеска,  се обрати градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а за деталите во врска со ова издание говореше уметничкиот директор Роберт Саздов.

Саздов информираше дека  првата фестивалска вечер ќе биде со натпреварувачки карактер, а втората вечер ќе биде ревијална, и на неа ќе настапат неколку етаблирани изведувачи.

Како и минатите години, така и оваа се потрудивме во ревијалниот дел да имаме што повеќе звучни имиња. Вечерва во натпреварувачкиот дел ќе настапат тринаесет учесници. Не се сите дебитанти. Некои од нив веќе имаат некаква музичка кариера, меѓутоа сметавме дека не се доволно афирмирани и дека заслужуваат повеќе. Како што обично се случува, некои од нив ќе имаат повеќедецениска кариера, а некои за неколку години ќе отидат во некој сосема друг правец. Меѓутоа нашата искрена желба е што повеќе од учесниците на Макфест , да останат што подолго во музиката, да имаат голем придонес во македонската естрада и еден ден да бидат и дел ор организацијата на Макфест-рече уметничкиот директор Роберт Саздов.

Продуцентот Александар Арсовски информираше дека изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар во живо, а директен телевизиски пренос на фестивалот ќе изврши Македонската радио телевизија.

Јован Јованов како член на уметничкиот совет на Макфест ги соопшти имињата на учесниците, и извести дека  за најдобрите изведувачи ќе одлучуваат гласовите на публиката и на стручното жири.

Според нашите сознанија Прилеп ќе го претстават двајца млади изведувачи и тоа Александра Трајческа и Сергеј Поповски.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали. “Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на...

Панел дискусија за спортот

Утре, (сабота 28 февруари)  во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот – Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување; – Снешка...

Концерт на групата My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST

Иницијативата за Инакунезависна култура „500 денари рекет“ понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST. Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч. My Tear...