Вечерва во Кочани последна проекција од Патувачкото кино на МакеДокс

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва ќе биде прикажан последниот филм од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс, фестивал на креативниот документарен филм.

Од 15 – ти до денеска кочанската публика имаше можност да проследи четири филма и со своето присуство покажа дека кино проекциите на градот му недостасуваат.

„Беше предвидено вчера, сабота, 19 јули, проекција на филм да се одржи во одморалиштето на Пониква за повредените во несреќата од 16 -ти март и што се на рехабилитација таму. Но проекција немаше затоа што повредените  беа во градот на лекарски контроли“, ни соопшти Дарко Набаков, које делод тимот на МакеДокс.

Проекцијата на последниот филм од Патувачкото кино на МакеДокс вечерва започнува во 21 часот на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“.

Изборот на филмот што же биде прикажан се прави во зависност од „структурата“ на присутната публика, според возраста и интересот.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Поранешниот градоначалник на Кочани, Папазов бара укинување на куќниот притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство. Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука

Општата болница – Кочани ќе добие нови паркинг места на повеќе локации – министерот Алиу на првиот ден од работните активности…

Денеска, во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани започнаа работни активности за уредување на дворното место, како и проширување на паркинг просторот на три локации. Како што информираше градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, на местото каде што беше поставена модуларната болница ќе биде изградена современа платформа за паркирање, со што значително

Паулина на својот универзитет во Англија собра 1000 фунти за болницата во Кочани

 Паулина Маказлиева успеа да ја оствари целта и да ги собере предвидените 1000 фунти за болницата во Кочани, со тоа што организираше и добротворен базар за продажба на македонски колачи на нејзиниот универзитет. Мисијата е исполнета. 1. Каде беше организиран настанот? -Настанот се одржа на Правниот универзитет во Вустер – каде што студирам. Беше поставен