ВЕЧЕР СО РОДОЉУБИВА ПОЕЗИЈА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, синоќа, со почеток од 18 часот, се одржа „Вечер со родољубива поезија“ во организација на библиотеката и на Клубот на литературните творци-Прилеп, а по повод празникот 11 Октомври.

Во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп,  Ирена Стерјоска Локвенец, претставници од Локалната самоуправа, директори на институции, ученици и мноштво љубители на поезијата, настанот го отвори директорката на библиотеката Андриана Ристеска.

Натаму, за значењето на 11 Октомври, кусо предавање одржа историчарот Горјан Василевски. Со поетски творби со родољубива содржина се претставија дваесетина членови на Клубот на литературните творци од Прилеп, а со музички точки настанот го разубавија учениците од Музичкото  училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ под менторство на наставниците Марија Јанчулеска, Мендо Ташкоски, Александра Ивановска-Ангелова и Весна Станкоска.

Настанот го водеше Филип Димкоски кој прочита три песни од македонските поетски великани Гане Тодоровски, Блаже Конески и Михаил Ренџов кој почина вчера и кому со едноминутно молчење на присутните му беше оддадена почит.

Овој настан е во рамките на свечената програма по повод одбележувањто на празникот 11 Октомври.

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување...

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп. Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од...

Најубавата серенада за Прилеп на Александар, Дац и Блага Петреска

Мајсторите за живи свирки, дуото актер и композитор, Дац и Александар заедно со македонската дива на народната музика, Блага Петреска, направија нов музички проект кој носи силна емотивна локална приказна посветена на Прилеп и неговиот дух, насловена „Прилепска Серенада„, Станува збор за прекрасна серенада за Прилеп која говори за град...