Вчера се одржа Годишно собрание на Македонска асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови МААВЗК вчера во Велес го одржа своето годишно собрание на кое досегашниот претседател Зоран Јаневски доби нов двегодишен мандат.

Нов мандат од две години добија и Секретарот Живко Гурев од Тиквешки Точакџии – КАвадарци, како и потпретседателите Горанче Богоевски од  Macedonian bike riders од Скопје и Даниел Гарбески од Вело Че од Прилеп, како и и сите останати членови на Управниот и Надзорниот одбор.

На ова Годишно собрание беше утврдена и новиот календар на велосипедски настани за 2026 година каде се утврдени 26 велосипедски настани и оутдоор фестивали  организирани од членките на Асоцијацијата.

За прв пат оваа година Асоцијацијата организира Натпреварувачки дел, односно се отвара Натпреварувачка сезона 2026 во рамките на Асоцијацијата, што отвара можност за афирмација на голем број на велосипедисти кои имаат потенцијал за врвни достигнувања.

Претседателот на МААВЗК ,г-н Зоран Јаневски изјави:

„Со воведување натпреварувачки систем во рамките Асоцијацијата на секој вело настан очекуваме за привлечеме големо внимание во велосипедската заедница во Македонија и во регионот“.

Според Календарот за велосипедски настани за 2026 година сезоната за почнува на 22 март во Штип, а завршува на 01 ноември во Валандово.

Во наредниот период се планира формирање на повеќе комисии и работни групи кои со својата волонтерска ангажираност и посветеност ќе формираат систем по кој ќе се водат сите натпреварувачки настани.

Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови МААВЗК брои 26 велосипедски здруженија или клубови кои пак опфаќаат преку 800 активни велосипедисти, членови на истите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Блокиран патот Виница – Берово: Жителите на Блатец на протест против хидроцентрала на Блатешница

Жителите на село Блатец денес искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Тие се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница оти сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и

Во тек е големиот протест на жителите од Блатец…

Младите и жителите од село Блатец, вклучени во иницијативата „За чисто Блатец“, денеска излегоа на протест против изградбата на хидроцентралата на реката „Блатешница“. Протестот започна во 15 часот и се очекува да трае до 17 часот. Присутните извикуваа „УА ПРОФИТЕРИ“, изразувајќи незадоволство од досегашните активности поврзани со проектот. Покрај редовните блокади и протестите, граѓаните подготвија

Aмфенол вработува…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.