Ванчо Мишовски е носител на советничка листа на Левица во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва официјално беше поднесена кандидатурата на Ванчо Мишовски за носител на советничката листа од партијата Левица за Советот на општина Кочани.

Мишовски истакна дека со чест и голема одговорност ја прифаќа задачата и дека ќе се залага за вредности како правда, солидарност, еднаквост и борба против корупцијата, кои според него заслужуваат силен глас во локалната власт.

„Ќе се застапувам за интересите на граѓаните, ќе бидам отворен за предлози, критики и соработка, и ќе се трудиме за транспарентно, одговорно и чесно управување“, порача Мишовски.

Тој додаде дека повикува на обединување и поддршка од граѓаните, со цел, како што нагласи, „во општината да дојдат вистински народни луѓе“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амфенол вработува ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ – TEL-AD

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место   ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ – TEL-AD   Одговорности и задачи: Преземање одговорност за воспоставување и одржување на квалитетот на процесот на дојдовна инспекција, во согласност со законските прописи и внатрешните стандарди Воспоставување и одржување на процедури поврзани со проверка и обезбедување на квалитет

„Љубов за сите“ со Јулија: Дојдете заедно да ја споделиме болката и тагата за чедата кои заминаа во вечноста

Во малата сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот  ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто

„Марш на ангелите“ во Скопје, родителите со порака до сите граѓани

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија дека уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. Нашите