В среда, 14 јануари 2026 година, односно на 1 јануари според стариот календар, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река.
Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед, со навршени 18 години, да сежители на општина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се здрави.
Пријавувањето ќе се врши најдоцна до недела, 18 јануари, во периодот од 8 до 15 часот, во кочанскиот храм.
Информацијата за Радио Кочани ја потврди протојереј-ставрофор Гоце Ефтимов.
Празникот Богојавление – Водици се одбележува следниот понеделник, на 19 јануари, при што тој ден е државен празник и неработен ден.
Фрлањето на Чесниот крст ќе се одржи на мостот во Паркот на револуцијата, каде што оваа верска манифестација традиционално се организира секоја година.
За точниот термин на настанот, Радио Кочани ќе ја информира јавноста навремено.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









