В среда во Прилеп -„Талкање низ емоциите и државите“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В среда од 18.30 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи изложба и промоција на книга со поезија и кратки раскази насловена „Талкање низ емоциите и државите“ од група автори.
Оваа книга е плод на заедничката соработка на македонските со странски автори, која почна на иницијатива на Марилена Стреи-Бианки. Делото е продолжение на веќе објавена двојзична (македонско-англиска) збирка со наслов „Емоции“. Уметниците од нашата земја и Италија работејќи заедно на ова дело, го претствуваат својот внатрешен, но и надворешен свет, опкружувањето. Секој уметник се отвора кон културата и чувствата за другите, создавајќи мост за уметничко изразување и чувства. Книгата е важен израз на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.
Во оваа збирка, свои песни и раскази објавуваат: Андриана Ристеска, Апостолос Константакакис, Беатриче Бресан, Габриела Станоеска Стојаноска, Игор Трпчески, Марилена Стрeит-Бианки, Петре Петрески и Сузана Ѓорѓиевска.
Автори на илустрациите се: Василка Фимков, Дарко Талески и Методија Јорданоски.
Корицата на книгата е фотографија на дело од 2015 од академскиот сликар Кирил Гегоски.
Ако доволно ве заинтригиравме, повелете во библиотеката во среда во 18:30 часот, да продолжиме заедно, градејќи мостови, рушејќи бариери и создавајќи нови хоризонти и на слободата и уметноста.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: