В сабота, на 7 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани организира пешачење низ падините на Осоговските Планини.
Стартот на пешачењето е во 8 ч. од СРЦ „Бавчалук“, а ќе се оди преку Црвена Нива и Лешки до браната Гратче. Движењето ќе биде во група што ќе ја водат членови од КПС „Осоговски орел“, а во активноста можат да се вклучат сите заинтересирани коишто се физички подготвени да поминат среднотешка патека.
Заинтересираните граѓанки и граѓани треба да го пријават учеството кај претседателот/секретарот на КПС „Осоговски орел“, на телефонските броеви 078 450 727 и 075 326 016.
Активноста „Пешачењето е здравје“ се реализира по петти пат, согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2025 г. и има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.