В недела, православните христијани го чествуваат празникот „Прочка“, односно тоа е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците.
В понеделник, пак, 23 февруари, почнуваат и велигденските пости, а тоа не занчи само откажување од мрсната храна, туку најважно е да се работи на воздржувањето од лошите мисли и дела.
Свештениците апелираат во деновите на постот повеќе внимани да се посвети на молитвата и Литургијата.
Радио Кочани на оваа тема зборуваше со отец Димитар Арсовски од храмот „Св.Вмч. Георгиј“.
Велигденскиот пост опфаќа седум недели и трае 48 дена, однсоно од Прочка до Велигден.
Постот нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден.
Годинава Велигден се празнува на 12 април.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









