В петок „Звуците на градот“ – вечер на староградска музика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 јули 2025 /петок/ од 20.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“.

Вечер на староградска музика, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи на платото пред Цепенков. мманифестацијата „Звуците на градот“, веќе неколку години предизвикува голем интерес кај прилепчани, особено што таа,во овие летни горештини, е организирана на отворена сцена.
Во вечер на староградска музика „Звуците на градот“ ќе се претстават групите кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД„Пензионер“.

Ова ќе биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара ЦК „Марко Цепенков“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ССМ: Апел за заштита на новинарските екипи за време на топлотeниот бран

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да ги почитуваат мерките на Владата и да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран. ССНМ ги повикува и...

Температурите ќе се искачат до 43 степени – Црвениот крст и општината во акција

Топлото време и високите температурии,  во Прилеп го подигнаа „црвениот аларм“ за помош и грижа на населението. Денеска Општина Прилеп во соработка со Црвен крст, спроведе акција, во која на минувачите во центарот на градот,  волонтери од Црвениот крст- Прилеп им делеа шишиња со вода за пиење и флаери со...

Советниците одлучија за финансиска поддршка на нови проекти за Општина Прилеп

Советниците на 64 тата Седница на Советот на Општина Прилеп, со мнозинство на гласови дадоа согласност за одобрување на финансиски средства за учество на Општина Прилеп во реализација во проектот “Проект за подобрување на водната инфрструктура на општините во Република Македонија“, финансиран преку Европската инвестициона банка. Советниците, исто така, позитивно...