В петок започнува 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Триесет и третото издание на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2024“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Кочани и во Оризари. Прославата во чест на кочанското бело злато ќе собере делегации и фолклорни ансамбли од Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а ќе биде награден најуспешниот оризопроизводител и ќе се избира жетварска убавица.

Ова беше соопштено на прес-конференцијата што денеска ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претставничките од Организацискиот одбор на манифестацијата Аника Илијевска Ѓорѓиева и Ивана Карова Коцева.

В петок, на 27 септември во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи Изборот на жетварска убавица, концертот на Каролина Гочева и доцна во вечерните часови – забава со диџеј.

На 28 септември е Ликовната изложба „Св. Пантелејмон“, дефилето на здруженија и институции, како и меѓународниот фолклорен концерт на кој ќе настапат гостинските ансамбли.

Обичаите зажнејување и вршидба годинава се во Оризари, каде Здружението на пензионери – Кочани од Оризари со песни, благослови и здравица ќе го означи почетокот на оризовата жетва. Прогласувањето на најуспешниот оризопроизводител ќе биде проследено со богата културно-уметничка програма кај црквата „Свети Атанасиј“ во Оризари. Ќе настапат групата „Мелем“, оркестарот на традициски инструменти при ОМУ „Ристо Јуруков“, ФА „Љупчо Сантов“ и Дамјан Стојаноски. Настанот ќе биде проследен со презентација и дегустација на традиционални јадења од ориз, изложбени и продажни штандови. АРМ ќе готви сутлијаш и селско месо, гостите од Црна Гора ќе подготват рибина чорба, а домаќинките од Оризари – мекици.

Општина Кочани упати благодарност до триесетина општествено-одговорни компании коишто годинава го помогнаа одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се уште активен пожарот кај селото Врнинци

https://www.facebook.com/radiokochani/videos/1071275618301496

Пожар во Трајаново Трло – Пожарникарите се борат со огнената стихија

Денес попладне избувна пожар во близина на местото викано Диви градби, во населбата Трајаново Трло во Кочани. На терен се екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, во соработка со доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани. Во моментов нема информации за повредени лица, ниту за материјалнаta штета. Екипите остануваат на терен за целосно санирање на жариштето

Амфенол вработува…

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место     Машински инженер – во производна единица TEL AD   Опис на работни задачи и одговорности: Одговорност за механичкиот аспект на производите во компанијата Планирање од областа на механиката Следење на процесот од планирање кон производство – изработка на цртежи, поддршка на