В недела ќе се одржи Меморијалниот планинарски марш „Стамен Каровски“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

В недела, 24 август 2025 година, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, во соработка со Општина Кочани, го организира третиот Меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, во сеќавање на својот починат член, планинар и другар.

 

Учесниците на маршот ќе се искачат на врвот Панаѓур во близина на Пониква, на Осоговските Планини, на 1669 метри надморска висина.

 

Маршот ќе започне од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква. Учесниците ќе се движат по маркирана планинарска патека, која во најголем дел минува низ букова шума.

 

Последните 500 метри до врвот движењето е по пасиште. Должината на патеката е 9 км, таа е кружна и е од лесен карактер.

 

Организаторите препорачуваат секој учесник да носи планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крем за заштита од сонце, планинарски стапчиња и прибор за заедничкиот ручек.

 

Заради организациски потреби пријавувањето за маршот е најдоцна до петок, 22 август 2025 година. Контакт телефон: 078 270 724 – Тошо Антов.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

Утрово, ОУ „Св. Кирил Методиј“ преку ЦУК – Штип,  доби информација за лажно поставена бомба. Учениците и наставниците биле навремено евакуирани, а во моментов во училиштетео се присутни инспектори на МВР и се постапува согласно утврден правилник за вакви случаи. Информацијата за Радио Кочани ја потврдија од училиштето. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.