В недела, 19 јануари во 12 часот потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
В недела, 19 јануари во 12 часот на мостот кај Паркот на Револуцијата во 12 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион со сослужение на свештеници од храмот „ Свети Великомаченик Георгиј“, ќе го извршат чинот на потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река по повод празникот Богојавление-Водици.
Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во кочанскиот храм, со почеток во 8 часот ќе се одржи Света Божествена литургија по што со свечена литија, верниците и свештениците ќе се упатат кон мостот во паркот, каде ќе се потопува крстот.
Исто така, традиционално како секоја година, така и годинава, ќе се одржи и традиционалната лицитација на икони.
Инаку, верскиот празник Водици во Кочани е еден од најмасовните црковно – верски празници.
Пријавувањето за скокањето по крстот е најдоцна до сабота, 18 јануари до 15 часот.
Условите се како и секоја година, а тоа се лицата да бидат полнолетни жители на Кочани, крстени во православната вера, да приложат потврда од матичен лекар за нивната здравствена состојба.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно