В недела, 11 мај, ќе се одржи 4. Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 11 мај 2025 година, по четврти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“.

Турнирот е во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.

Сите љубители на шахот коишто сакаат да учествуваат на турнирот можат да се пријават на телефонскиот број 078 665 846, кај Владимир Мицов, најдоцна до петок, 9 мај.

Турнирот ќе се одржи во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“, во Трговскиот центар, блок А, зграда 1, со почеток од 11 ч.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Единствено во Македонија и пошироко….

Дизел центар „Спејс“ – Кочани (Мајстор Спасе) Единствено во Македонија и пошироко! Репарација на „Сименс“ пумпа дизна ињектори Закажете на 078-861-777 Дизел дијагностика сервис „Спејс“

Инцидент во приватна фирма во Кочани: пријавен физички напад

На 15.01.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Кочани, С.Г.(51) од Виница пријавил дека околу 13.10 часот на работното место во приватна фирма во Кочани бил физички нападнат од Т.А. од с.Тркање, кочанско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Крстев: Хуманоста е обврска, а не избор

Независниот советник од советничката листа „Доста беше“ во Советот на Општина Кочани, Никола Крстев, јавно изрази благодарност за можноста да биде дел од, како што истакна, една исклучително хумана и благородна мисија. Крстев упати посебна почит до двајцата најголеми хуманисти кои имал чест да ги запознае – Ана Симонова претседателката на здружението „Грин Орг“,  и